Денес ќе се знаат повеќе новости околу цената на струјата од 1. јануари

од Nikola Popovski
23 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика денес на прес-конференција ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО). Предлозите денес ќе се најдат на главна седница на Регулаторите, по што ќе почнат пресметките за тоа дали и за колку ќе се зголемат сметките на граѓаните од Нова година.

На последниот тендер на ЕВН Хоум беше понудена цена од 62 евра за мегават часови од страна на АД ЕСМ што е за две евра повисока во однос на досегашната цена што ЕСМ ја продаваше на универзалниот снабдувач. Оваа цена најмногу влијае врз цената на струјата што домаќинствата ќе треба да ја плаќаат од 1 јануари.

Премиерот Мицкоски не очекува зголемување на цената на струјата за домаќинствата да биде повисоко помеѓу еден и три проценти, додека за потрошувачите од првиот и вториот блок да изнесува, 0,5 отсто, откако вчера ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена повисока од досегашната за две евра.

Тоа е одлука на Регулаторната комисија, но јас очекувам да не се движи повеќе од она што го зборував, значи помеѓу еден и три проценти, што ќе каже- најниско зголемување, убедливо неколку пати во регионот и Европа, а во првиот и вториот блок каде што се најголемиот дел од потрошувачите или повеќе од 75 проценти не очекувам да биде повисока од 0, 5 проценти, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања.

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Оваа цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година.

Слични содржини