Инстаграм моментално тестира нова опција која им овозможува на корисниците да ги ресетираат препораките за содржина. Оваа опција го рестартира алгоритмот кој повторно одредува која содржина сега е попогодна за корисниците.
Оваа опција моментално е во фаза на тестирање, но наскоро ќе се појави во поширока употреба. Опцијата е дизајнирана да им даде на корисниците поголема контрола врз промената на содржината што подобро одговара на нивните интереси.
Инстаграм најави и нови контроли за приватност кои им овозможуваат на тинејџерите да ги изберат темите што сакаат да ги следат редовно. Инстаграм веќе понуди опција за корисниците да споделат дали се заинтересирани за видеа кои им се препорачуваат.
Ресетирањето на алгоритмот за препораки им нуди на корисниците можност да ги прегледаат сметките што ги следат во случај да не сакаат да следат некои од профилите.
Мета истакна дека Инстаграм се повеќе препорачува забавна содржина и ги оддалечува корисниците од вестите и политиката.