14
Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили денеска побара европските земји да се спротивстават на обидот на Русија да воспостави контрола врз нејзината земја.
Улични протести избија во Грузија пред четири дена, поради одлуката на владејачката партија „Грузиски сон“ да ги прекине преговорите за влез во Европската унија.
„Сакаме да ни се врати европската судбина. Тоа е бунт на целата земја“, изјави Зурабишвили.
Според неа, Русија користи „хибридна стратегија“ против Грузија, Молдавија и Романија, пренесе Ројтерс.
Има многу силна потреба од јасна морална и политичка поддршка од Европа, рече седумдесет и двегодишната Саломе Зурабишвили, која е родена во Франција и беше француска амбасадорка во Грузија.