Поранешен играч на Реал и ПСЖ: Видов многу допинг, многу играчи земаа глупости

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, Хесе Родригез, кој до ден денес ја продолжува кариерата во Малезија, признава дека видел многу погрешни работи во фудбалот и особено употребата на допинг.

„Многу играчи земаа глупости само за да се претстават подобро. Претходно контролата не беше толку строга. Не критикувам и не осудувам никого, само кажувам како беше. И не се дозна ништо“, вели фудбалерот во интервју со шпанскиот рапер Маулихаук на неговиот канал на Јутјуб, цитиран од Марка.

Хесе имаше одлично деби за родниот Реал Мадрид во сезоната 2013-2014 со 8 гола на 31 натпревар, но потоа ги скина вкрстените лигаменти на десното колено. Сега со текот на времето сфаќам дека тој ден ми ја промени кариерата засекогаш. Тоа беше еден од моите најлоши денови. Бев млад и играв во најдобриот тим на светот под голем притисок. Флорентино Перез ме одведе кај најдобриот хирург во Германија. Но, кога добив инфекција и морав да се исчистам двапати, си реков: „Готово е“.

„Да сакав, ќе останев во Мадрид, но се појави опцијата со ПСЖ. Бидејќи немав многу минутажа, размислував да одам во Париз затоа што ќе играм и ќе добивам минутажа. Згора на тоа, ме повика тренерот Унаи Емери. Мадрид потпиша со многу нови играчи и јас сакав да одам на Европското првенство во 2016 година со репрезентацијата бидејќи бев на чекор до одење на Светското првенство во Бразил. Дел Боске требаше да ме земе, но се повредив“, продолжува тој.

Реал Мадрид го продаде Хесе на ПСЖ во 2016 година за 25 милиони евра, но неговиот престој во Париз беше фијаско, со позајмици во Лас Палмас, Стоук Сити, Бетис и Спортинг (Лисабон) пред да биде продаден во 2020 година. Играше и за турски Анкарагучу и бразилска Коритиба.

Слични содржини