23
Потпретседателот на Владата на Србија, Александар Вулин изјави дека ниту амбасадата, ниту ЕУ не се изјасниле за тоа што албанските полицајци на улиците на Косовска Митровица носат знамиња на Албанија и Косово.
„Ниту една амбасада, ниту една институција, ниту ЕУ, ниту Пицула, ниту Лајчак не се огласија или побараа да се отстранат симболите на голема Албанија, но затоа сега бараат да се тргнат српските знамиња, српскиот јазик од училишта и болниците во Косово и Метохија“, изјави Вулин во врска со видеотона кое се гледа припадник на на косовската полиција кој на униформата го носи знамето на Албанија.
Вулин истакна дека само српскиот свет е бариера за Голема Албанија, пренесува Танјуг.