Мицкоски: Странските директни инвестиции во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра

од Nikola Popovski
332 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра.

Тој соопшти дека денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и рекорд во изминативе дваесет години.

-Мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани. Работиме Македонија да биде повторно ваша и повторно горда. Заедно за работа која носи дела, стои во објавата на премиерот на социјалните мрежи.

Слични содржини