Со голема радост, ве покануваме да ни се придружите на хуманитарниот настан ДАРЕЖЛИВ ВТОРНИК, кој ќе се одржи на 03 Декември, од 18.00- 23.00 во Лабораториум, во организација на Здружението Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, заедно со Центар за младински активизам КРИК, Здружение на граѓани за промовирање и зачувување на културните и духовните вредности-Легис, Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе – Отворена Порта, ХОПС- Опции за здрав живот и Здружение за едукативен развој Еквалис.
Настанот е со хумантарен карактер и има за цел да ја подигне свеста на младата популација во нашата земја за важноста на реупотребата на користената облека и аксесоари, истовремено поттикнувајќи ги на филантропија и дарување – да се помогне на оние лица во нашите заедници на кои им е најпотребно.
Ќе бидете во можност да си одберете интересно парче/парчиња облека, акцесоари или да земете учество во некоја од работилниците, а за возврат да оставите донација во донациска каса (секоја организација изложувач ќе има своја донациска каса, одбележана со името на организацијата и наведена цел за која се собираат средствата).
Нашата земја стана дел од ова глобално движење, кое е создадено во 2012 година како едноставна идеја: ден кој ги поттикнува луѓето да прават добро. Оттогаш тоа прерасна во глобално движење во кое се вклучени повеќе од 105 земји од целиот свет и кое инспирира стотици милиони луѓе на овој ден да даруваат, да соработуваат и да го слават добродетелството.
Сите заинтересирани граѓани може да ни се придружат, да шириме добрина и да го прославиме ДАРЕЖЛИВ ВТОРНИК заедно.