23
Независниот кандидат за претседател на Романија, Калин Ѓордеску ги повика политичарите во таа земја да инвестираат во „вистински луѓе“, а резултатите од парламентарните избори одржани во неделата го покажуваат „неуспехот на политичките партии“.
„Политичари, за да се опоравите од вашиот политички неуспех, ќе треба да инвестирате во луѓе, во вистински луѓе, а не во вашите партии. Ресетирајте ги работите кога ќе видите дека партиската машина е закочена, но сега ресетирајте во интерес на сите, не само некои“, рече Ѓорѓеску во видео порака, пренесува „Ажерпрес“.
Ѓорѓеску додаде дека резултатот од овие избори „всушност е резултат на парламентарните одлуки во последните 35 години“.