19
Тело на жена завиткано во тепих било пронајдено во стан во Хамбург, соопшти германската полиција. Според информациите станува збор за 34-годишна жена. Полицијата не можела да ја утврди точната причина за смртта, а за овој случај е покрената истрага.
Соседите повикале полиција откако почувствувале непријатна миризба како доаѓа од споменатиот стан. Кога полицајците заѕвониле на вратата, никој не одговорил, па биле принудени да ја скршат вратата.
При претресот на станот во плакар е пронајдено телото на жената.
Телото е испратено во Институтот за судска медицина каде ќе биде извршена обдукција.