Муцунски: Сè уште е рано да се зборува за Украина во НАТО

од Nikola Popovski
32 прегледи

Македонија има позитивен пристап кон политиката на отворени врати на НАТО за прием на нови членки, но во моментов е рано да се зборува за членство на Украина во Алијансата, изјави министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, коментирајќи ја иницијативата на Киев за членство на Украина во НАТО по забрзана процедура.

„Имаме позитивен пристап кон принципот на отворени врати, но тоа е одлука која се носи со консензус и за која треба да има подетална дискусија меѓу земјите-членки. Рано е да се зборува за тоа“, изјавил Муцунски во Брисел, каде што учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.

Украина е главна тема на состанокот на Советот НАТО-Украина, на работната вечера во рамки на министерскиот состанок, на кој присуствуваше и шефот на украинската дипломатија Андриј Сибих.

Како што најави Муцунски, министрите на земјите-членки на НАТО ќе разговараат со Сибих и Калас за последните случувања поврзани со руската агресија врз Украина, чекорите преземени од Алијансата за помош, како и позициите на сојузниците во однос на спроведувањето на заклучоците од јулскиот самит во Вашингтон.

Слични содржини