Додик: Најдобро би било во Парламентот да дојдат поп, оџа и фратар

од Nikola Popovski
21 прегледи

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик истакна дека „одржувањето на седница на непостоечкиот Совет за спроведување на мирот (ПИК) и нелегалниот (Кристијан) Шмит во зградата на Парламентарното собрание на БиХ е зона на самрак и глетка што дури и Хичкок би позавидил“.

– Неформална група и поединец кој лажно се претставува – хорор за Оскар, изјавил Додик.

Според него, да се седне на истите столчиња по нив и да се направи нешто е „работа што нема да успее“.

-Затоа би било најдобро во парламентот да дојдат поп, оџа и фраер и секој од нив со свој верски ритуал да ги истера злите духови што ги донел со себе. Да покажеме дека сме единствени. Подобро двајца свештеници, двајца оџа, двајца фратари, за секој случај, напишал Додик на социјалната мрежа „Х“, пренесува „РТРС“.

Во зградата на Парламентарното собрание на БиХ се одржува дводневната седница на ПИК, која почна вчера во Сараево.

Слични содржини