Липaвски: Близу 100 сомнителни инциденти во Европа годинава може да и се препишат на Русија

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Близу 100 „сомнителни инциденти“ во Европа годинава може да и се препишат на Русија, изјави денеска пред новинарите чешкиот министер за надворешни работи Јан Липaвски при пристигнувањето на министерскиот состанок на НАТО во Брисел.

„Оваа година имаше 500 сомнителни инциденти во Европа. До 100 од нив може да се припишат на руски хибридни напади, шпионажа, операции на влијание. Треба да испратиме силен сигнал до Москва дека тоа нема да се толерира“, рече Липавски, според Ројтерс.

Министрите за надворешни работи на 32 земји-членки на НАТО се во Брисел на последната средба на високо ниво пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата во јануари.

Слични содржини