Полицаец во Грција со години ги силувал децата, на социјалните мрежи се претставувал како прекрасен татко

од Milan1
68 прегледи

Полицаец од Грција, кој е осомничен дека најмалку осум години физички и сексуално ја малтретирал сопругата полицајка и четирите нивни малолетни деца, во јавноста и на социјалните мрежи се претставувал како прекрасен татко и сопруг, кој дома се претворал во монструм.

Сопругата, која исто така е полицајка, кон крајот на ноември го пријавила за насилство, а потоа открила дека осомничениот почнал да ги силува неговите три ќерки кога имале само пет години, а го принудил и синот на инцест. Во шокантното сведочење полицајката изјавила дека сопругот ја терал да се изживува над децата и со ќотек да им ги прави најгрозоморните работи, објави Катимерини.

Семејството живеело низ терор со години, а никој не се сомневал во тоа. Медиумите јавуваат дека осомничениот речиси редовно објавувал фотографии од децата на социјалните мрежи, со трогателни зборови како „семејство“, „среќа“, „уживање“… Објавувал фотографии од возења со мотоцикл, заедно со сопругата. Се чинело дека сè функционираше идилично. И тогаш на крајот на ноември се дознало какво чудовиште е.

Дотичниот полицаец бил распореден како обезбедување во собраниската зграда од 2019 година. Колегите верувале дека е семеен човек, добар сопруг и татко, иако слушнале дека има одредени психички проблеми, кои извесно време го спречувале да носи оружје. Тоа никој не го знаел од 2016 година, па сѐ до неговото апсење минатата недела, го изложил семејството на секојдневна тортура, психичко, физичко и сексуално насилство, поради што, се претпоставува, неговиот тогашен десетгодишен син, пред четири години, се обидел да се самоубие скокајќи од 3 кат од зградата.

Медиумите, повикувајќи се на извори, пишуваат дека полицајката се обидела да го пријави сопругот за насилство уште во 2016 година. Ова се случувало во момент кога тој бил во болница и животот му бил во опасност. Наводно на пријател му се доверила дека сопругот ја тепал неа и децата. Но, кога нејзиниот сопруг се опоравил, таа му се јавила на истиот пријател и го рекла следново: „Ако дознае дека сум го пријавила, ќе биде уште полошо. Ќе го осудат, а кога ќе излезе ќе ме убие“.

Насилството се влошуваше со текот на годините. Осомничениот почнал да ги силува своите ќерки кога имале само пет години, а потоа го принудил синот да ги напаѓа неговите сестри. Потоа со брутално насилство би ја принудил сопругата да се изживува врз децата. Секогаш кога ќе помислела да го пријави, тој ѝ се заканувал: „Само пробај, ќе одиш и ти во затвор, ти си мој соучесник“.

На 18 ноември, несреќната жена конечно собрала храброст и им кажала на колегите дека нејзиниот сопруг ја претепал. Истиот ден полицаецот бил уапсен додека бил на должност во Парламентот. Веќе следниот ден тој бил суспендиран, а на 20 ноември му е одреден притвор.

Но, тогаш полицаецот ѝ рекол на мајка си дека ќе се самоубие, поради што итно бил пренесен од притвор во психијатриското одделение на воената болница. Кога повторно се нашол „под клуч“, неговата сопруга повторно отишла во полиција и го раскажала целиот ужас што се случил зад затворени врати, дури и најстрашните детали за силување на децата.

Според портпаролот на полицијата, децата на распитот ги потврдиле сите изјави на мајката. Засега не се знае дали против неа ќе биде покрената постапка, со оглед на тоа што и таа учествувала во најбруталното малтретирање деца, а поради тоа што осум години ја криела тортурата низ која поминувале децата.

Според медиумите, осомничениот за време на рочиштето негирал сѐ. Додека трае истрагата, му е одредена мерка притвор. Засега не се знае дали тој ќе биде задржан во болница или префрлен во притвор.

Слични содржини