Седумкратниот светски шампион пред почетокот на викендот за ГН на Абу Даби призна дека потценил колку ќе биде тешка неговата последна сезона во Мерцедес пред да се пресели во Ферари.
Хамилтон го шокираше светот на Формула 1 на почетокот на февруари кога одлучи да се раздели со тимот со кој освои шест од неговите седум титули за да го оствари својот сон да вози за Ферари. Така, тој се најде во прилично чудна ситуација да треба допрва да помине цела сезона со тимот со кој избра да се раздели.
Хамилтон имаше блесоци изминатава кампања, вклучително и две победи во Велика Британија и Белгија, но генерално тој беше во сенка на тимскиот колега Џорџ Расел. Голем дел од годината, Хамилтон се жалеше на однесувањето на W15, а пред последниот викенд со Мерцедес, Британецот призна дека очекувал тешка сезона, но додаде дека ја потценил тешкотијата.
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) December 5, 2024
„Очекував дека ќе биде тешко, но многу потценив колку ќе биде тешко. Односите беа затегнати од самиот почеток. На луѓето им требаше некое време да го преболат. И за мене беше многу емотивна година. Мислам дека не ја завршив најдобрата можна работа да ги контролирам сите тие емоции“, изјави Хамилтон.
„Мислам дека оваа година многумина од вас го видоа најлошото од мене, а сте тука од почетокот на мојата кариера, така што го видовте најдоброто од мене. Нема да се извинувам ни за едното ни другото затоа што сум човек и не сум секогаш совршен. Дефинитивно мислам дека оваа година ми беше најлоша во справувањето со сите неволји и ќе работам да го подобрам тоа. Но, се надевам дека позитивното ќе ги надминам негативните работи“.
„Се сеќавам на убавите времиња со Мерцедес, изградив одлична врска овде. Поминавме низ толку многу. Кога поминувате толку многу време со истите луѓе, доживувате сè со нив, не само работи за тркачкиот викенд, туку и она што се случува во личниот живот на сите. Поминавме низ толку многу заедно, тоа беше убаво патување заедно. Бидејќи беше толку долго, емоциите се навистина големи“, додаде Британецот.
Danke @MercedesBenz ❤️
26 years on this journey together with @LewisHamilton 🙏 pic.twitter.com/2Wi1zro7zT
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) December 6, 2024
Тој, исто така, ја посочи трката во Бахреин во 2014 година како моментот кој секогаш ќе го памети поради емоциите од двојната победа што тој и Нико Розберг ја освоија на Сахир.
„Ќе се сеќавам на насмевките од нашите успеси. Ќе се сеќавам на овие моменти. Се сеќавам како еден инженер (Алдо Коста) по нашата победа во Бахреин 2014 година, како плачеше од радост на подиумот. Ќе се сеќавам на овие моменти. Емоциите што ги почувствувавме во Силверстоун оваа година, добрите работи. Ова е сосема природно. Многу сум горд, но и благодарен на секој човек кој неуморно работеше и ме поддржуваше од првиот ден, и на патеката и во фабриката“, објасни Хамилтон.