145
Сирискиот претседател Башар ал Асад останува во Дамаск и покрај тоа што ситуацијата во земјата се искомплицира поради активностите на бунтовничките групи, пренесе Интерфакс.
„Претседателот продолжува да работи во Дамаск и да ги извршува своите задачи за заштита на националните интереси и Уставот. Сите вести поврзани со активностите на претседателот се испраќаат до соодветните платформи на Канцеларијата на претседателот и националните медиуми“, се вели во соопштението од Кабинетот на шефот на сириската држава.
Во соопштението се наведува дека „информациите дека Асад наводно го напуштил Дамаск се неточни и имаат за цел да ја доведат во заблуда сириската јавност“.