61
Пазарот на кафе поминува низ една од најголемите кризи во модерната ера, а цената на омилениот пијалок следната година ќе се зголеми за 25 до 30 проценти.
Како причина за новото поскапување, светските аналитичари наведуваат дека неповолните временски услови негативно ќе се одразат на реколтата во Бразил и Виетнам.
Како што пренесуваат медиумите на Њујоршката берза, цената се зголемила за повеќе од 36 отсто, додека на лондонскиот пазар на кафе Робуста е забележана пораст од 26,5 отсто, а се смета дека поради ниските залихи во европските магацини и растот транспортните цени, цените ќе бидат значително повисоки.
Вкупното светско производство на кафе е 70% Арабика и 30% Робуста, а најголеми производители се Бразил и Виетнам.