Бајден: Асад треба да одговара, САД ќе соработуваат со партнерите во Сирија

од Vladimir Zorba
53 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека сирискиот претседател Башар ал Асад „треба да одговара“ за своите постапки и дека САД ќе работат со своите партнери и засегнати страни во Сирија, помагајќи им да се справат со ризиците.

Во обраќањето од Белата куќа, Бајден рече дека САД официјално не знаат каде е Башар ал Асад, но дека забележал извештаи дека сирискиот претседател побегнал во Москва, пренесе Ројтерс.

Бајден рече дека Сирија е во период на ризик и неизвесност и дека е првпат по неколку години Русија, Иран и милитантната организација Хезболах немаат влијателна улога во таа земја.

Слични содржини