Нани (38) денеска реши да ги закачи копачките, му кажа „збогум“ на фудбалот.
Слободно можеме да кажеме дека овој фудбалер остави длабока трага во светот на фудбалот, особено кога го носеше дресот на репрезентацијата на Португалија и Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“ беше седум години, има освоено четири Премиерлиги, ја има и Лигата на шампионите, како и Светското клупско првенство на ФИФА, а со репрезентацијата на Португалија го освои Европското првенство во 2016 година.
„Време е да му кажам збогум на фудбалот. Решив да ја завршам кариерата како професионален фудбалер. Беше одлично возење, сакам да им се заблагодарам на секој човек кој ми помогна и ме поддржуваше во текот на подемите и падовите на кариерата што траеше 20 години и таа ми даде толку многу незаборавни моменти. Ввреме е да се фокусирам на нови цели и нови соништа“, рече тој.
Кариерата ја започна во Спортинг, каде беше и во помладите категории (иако како мал навиваше за Порто), потоа за 25 милиони евра се пресели во Манчестер Јунајтед, а потоа играше за Фенербахче, Валенсија, Лацио, Спортинг, Орландо, Венеција, Мелбурн, Адана и Амадорa.
The time has come to say goodbye, I have decided to finish my career as a professional player. It’s been an amazing ride and I wanted to thank every single person who has helped me and supported me through the highs and lows during a career which lasted over 20 years and gave me… pic.twitter.com/3ZuSMrPHcR
— Nani (@luisnani) December 8, 2024