55
Германското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека го суспендира разгледувањето на барањата за азил од сириските граѓани, по падот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Портпаролот на германското МВР за „Шпигел“ изјави дека моменталната ситуација во Сирија е „збунувачка“ и дека е премногу тешко да се предвиди што ќе се случи на политичко поле, поради што Берлин сега не може да дава сериозни проценки.
Милитантната алијанса Хајат Тахрир ал-Шам, поранешен член на терористичката организација Ал Каеда, брзо зазеде неколку клучни сириски градови, вклучувајќи го и главниот град Дамаск, по што Асад и неговото семејство се засолниле во Москва.