15
Според германски „Кикер“, Мануел Ноер (38) би можел да добие нов договор од Баерн.
Неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, а наводно сите детали би можеле да бидат финализирани до крајот на оваа година.
Договорот треба да биде на една година.
Ноер во редовите на баварскиот гигант дојде во 2011 година од Шалке во трансфер вреден 30 милиони евра, а досега за овој клуб има 540 настапи.
Тој ја сочува мрежата „сува“ 256 пати.