Ердоган: Не можеме да дозволиме повторна поделба на Сирија

од Milan1
41 прегледи

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, истакна дека нема да дозволат Сирија уште еднаш да биде поделена, објави агенцијата Анадолија.

Претседателот Ердоган претседаваше со состанокот на претседателите на провинциите на АК партијата во Конгресниот центар на оваа партија.

Во своето обраќање Ердоган истакна: „Нашите молитви и верувања се дека Сирија, по 61-годишната диктатура на Баас и целосната темница во последните 13 години, ги дочека своите светли денови.“

Зборувајќи за случувањата во Сирија изминатите години, турскиот претседател рече:

„Не можеме да дозволиме повторна поделба на Сирија. Во никој случај не можеме да дозволиме територијата на таа земја повторно да стане средиште на судири.“

Слични содржини