Мицкоски: Фантом-фирми црпеле пари од буџетот

од Milan1
90 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на МТВ, во кое се зборуваше за државниот буџет за догодина, рече дека веќе нема „фантом-фирми кои црпат пари од државната каса со фиктивни фактури за поврат на ДДВ“, како и дека поради тоа во октомври за првпат во буџетот има суфицит, со што се исплатени повисоки пензии и повисоки плати во образованието и здравството.

„Ние може после подолго време имавме суфицит во Буџетот и тоа беше во октомври, отприлика милијарда и 125 милиони денари. И тоа претставуваше еден добар успех за Владата и тоа помогна во санирање на некои состојби, прилично. Зборам од аспект на ликвидноста. Во делот на борбата со сивата економија, можам да кажам дека растот на приходите кој што доаѓаат изворно од работењето и на УЈП и на Царината се мери најчесто во двоцифрен број проценти, 12, 15 дури и повеќе од 20 проценти. Тоа значи дека нема веќе фантом-фирми коишто побаруваат поврат на ДДВ“, рече Мицкоски.

„Шести месец откако сме влада, многу од фантом-фирмите коишто честопати потоа биле банкротирани, препродавани на луѓе коишто не постојат, надвор од земјата, предизвикувале таква дупка во буџетот, што на моменти се доведувала и ликвидноста под знак прашалник. Е, сега тоа веќе го нема. Принципот „како досега“ го нема и од тие причини се појави овој суфицит кој за нас многу значи, а замислете – во исто време имаме зголемени пензии, во ноември веќе од аспект на ликвидноста и зголемени плати во секторот на образование на здравство и слично“, рече премиерот.

Слични содржини