На социјалните мрежи се шират видеа и фотографии на кои се гледа како бунтовниците стојат покрај запалениот гроб на поранешниот сириски претседател Хафез Ал-Асад, таткото на Башар Ал-Асад.
Според извештаите, бунтовниците го извлекле ковчегот од гробницата и го запалиле.
Агенцијата АФП јавува дека бунтовниците во униформи, заедно со локалните жители, го гледале ковчегот како гори.
Syrian rebels destroyed the crypt and tomb of dictator Hafez al-Assad, Bashar's father. pic.twitter.com/YwgQKezkjl
— NEXTA (@nexta_tv) December 11, 2024
Хафез Ал-Асад владееше со Сирија три децении, а почина во 2000 година од срцев удар. Неговото тело беше погребано во мавзолеј во неговото родно село Кара. Него на функцијата претседател го наследи неговиот син Башар ал Асад, кој беше соборен од власт минатиот викенд.
⚡️BREAKING:
New footage emerged showing the destruction and burning of Hafez Al-Assad’s grave in Syria by Syrian “rebels.” pic.twitter.com/i37gX6dlHV
— Suppressed News. (@SuppressedNws) December 11, 2024