СДСМ го поддржува секој чекор насочен кон расчистување на евентуални злоупотреби на јавните ресурси и потенцијалната корупција. Одговорноста и транспарентноста се темелите врз кои ја градиме довербата на граѓаните во институциите. Никој не смее да биде над законот, реагираат од оваа партија во врска со случајот „Адитив“, односно апсењето на повеќе функционери од СДСМ осомничени дека извршиле финансиски злоупотреби во „РЕК Битола“.
-Бараме од институциите брза, транспарентна и темелна истрага која ќе ја утврди вистината.
Доколку постои вина, истата треба да се санкционира во согласност со законите.
Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи, Обвинителството и сите релевантни институции да постапуваат професионално и без селективност.
СДСМ останува доследен на принципите на транспарентно и одговорно владеење, поттикнување на борбата против корупцијата и градење институции кои работат во интерес на граѓаните, се вели во реакцијата од оваа партија.