Ќе се плаќа за премиум опции: Bluesky воведува претплата

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Откако Трамп победи на изборите, дел од корисниците на платформата Х, поради поврзаноста на сопственикот на таа мрежа, Илон Маск, со старо/новиот американски претседател решија да го напуштат Х и да побараат ново место за онлајн комуникација, коментирање и дискусии. Мрежата која најмногу профитираше во оваа ситуација е Bluesky, чиј број на корисници значително порасна за кратко време.

Ваквиот голем раст донесе и одредени проблеми со умереноста на содржината, а се чини дека оваа компанија сега сака да го искористи ова зголемување на бројот на корисници за да почне да заработува со воведување претплати. Секако, како и во случајот со другите социјални мрежи кои се одлучија на сличен потег, Bluesky сепак ќе остане бесплатен за сите корисници, односно ќе можат да го користат како и досега, но оние кои сакаат нешто повеќе од таа мрежа, за нивното искуство треба да плаќаат месечна претплата.

Сè уште не се официјално објавени конкретни информации за претплатата, односно колку ќе чини и што ќе вклучува, но листа на потенцијални опции кои би можеле да им бидат достапни на претплатниците е објавена на Bluesky’s Github. Иако од компанијата велат дека оваа листа би можела да се промени до лансирањето на претплатничката верзија на оваа мрежа, која би требало да се вика Bluesky+, сепак овие податоци ни го покажуваат правецот во кој размислува компанијата и очекуваме дека некои од овие опции навистина ќе да бидат достапни за оние кои се подготвени да платат за тоа.

Меѓу другото, на листата се наоѓаат и две опции кои претходно ги спомена оваа компанија кога ја спомнаа претплатата, па речиси сигурно е дека ќе бидат вклучени во Bluesky+. Станува збор за можноста за прикачување видеа со повисок квалитет и можност за приспособување и персонализирање на профилот со различни бои и аватар рамки.

Github наведува на опции како приспособена икона за апликација, вградени преводи на објави на оваа мрежа, аналитика за објави итн. Исто така, беше спомната и специјална значка на профилот Bluesky+, а TechCrunch напоменаа дека ова може да се однесува на верификација на профилот, односно на тој што го користи, но прашање е дали ќе се одлучат за таков начин на верификација на крајот, затоа што претходно споменаа некои други идеи.

Што се однесува до цената, се споменува претплата од 8 долари месечно или 72 долари годишно, но со напомена дека тоа не е конечна одлука, па додека Bluesky официјално ја претстави оваа опција, таа бројка може да се намали…

Слични содржини