📷Среќата конечно и се насмевна: Селена Гомез се вери

од Vladimir Zorba
69 прегледи

„Засекогаш започнува сега“, напиша Селена Гомез (32) покрај серијата фотографии направени на денот кога нејзиното момче, 36-годишниот Бени Бланко, ја запросил.

За само два часа објавата доби повеќе од 6,2 милиони лајкови, а една од првите која ја коментираше нејзината колешка Тејлор Свифт, која се надева на истото сценарио со нејзиното момче Тревис Келче. Тејлор и кажа дека на венчавката ќе фрла цветни ливчиња на пат кон олтарот, а честитки стигнаа и од Џенифер Анистон и Гвинет Палтроу, а познатиот готвач Гордон Ремзи заклучи дека сигурно се зближиле со готвење.

Првата фотографија од Селена е онаа со прстенот на раката со огромниот дијамант во преден план, втората е на која таа среќно седи на ќебе за пикник гледа во прстенот, а има фотографија на која таа и Бени се прегрнати како ја бакнува во глава, а таа не ја трга насмевката од лицето.

Инаку, гласините за веридбата на Селена и Бени започнаа во август годинава, но се чини дека тие „паднаа“ дури сега, точно една година откако пејачката и актерка ги потврди шпекулациите дека таа и Бланко се во врска.

Тогаш признала дека тие двајца биле во тајна врска шест месеци.

Слични содржини