Пи Диди доби уште три обвиненија за сексуално вознемирување, при што една од жртвите тврди дека раперот ја силувал и дека инцидентот бил снимен на камера од друга славна личност.
Станува збор за тужба која беше објавена денеска и опфаќа уште две тужби, каде што жртвите тврдат дека биле дрогирани и силувани. Според зборовите на жртвата, Диди го силувал пред камера која ја држела друга славна личност, а после тоа се обиделе да му дадат 2.500 долари.
Се верува дека овие тврдења за злоупотреба се случиле во последните пет години. Во нив се наведува дека Пи Диди и неговиот тим организирале забави на кои дрогирале и сексуално напаѓале жртви. Во тужбите се наведува и дека жртвите се плашеле да зборуваат за сексуалната злоупотреба поради страв и понижување.
Две лица тврдат дека немилите настани се случиле во хотелските соби изнајмени од Пи Диди. Еден од хотелите е Парк Хајат, каде полицајците го уапсија Пи Диди во септември оваа година. Трето лице тврди дека била силувана во домот на раперот во Хемптонс.
Патем, новите обвиненија доаѓаат само неколку дена откако Пи Диди беше именуван во тужбата против неговиот колега Џеј Зи, тврдејќи дека заедно силувале 13-годишно девојче.
За потсетување, Пи Диди беше уапсен на 17 септември во Њујорк, а моментално е во притвор, каде ќе остане до почетокот на судењето закажано за 5 мај 2025 година.