32
Одбранбените сили на Украина соборија 58 руски беспилотни летала во текот на претходната ноќ и утринава, соопштија вооружените сили на Украина.
Ноќта на 14 декември Русите ја нападнаа Украина со беспилотни летала Шахед и дронови од друг тип од регионите Курск, Приморски-Ахтарск, Ориол, Брјанск и Милерово, а во нападите беа употребени вкупно 132 беспилотни летала, објави Укринформ, повикувајќи се на на соопштението на Вооружените сили на Украина на Телеграм.
Во соопштението се наведува дека воздушниот напад бил одбиен од противвоздушни единици, авијација, единици за електронско војување, мобилни противпожарни групи на воздухопловните сили и одбранбените сили на Украина.