Асад од своите роднини и соработници ги криел плановите за бегство од Сирија

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Соборениот сириски претседател Башар ал Асад речиси на никого не кажал од неговите планови да избега од земјата откако пропадна неговото владеење, дознава Ројтерс.

Неговите советници, службеници, па дури и неговите роднини немале ни најмало знаење за тие планови или биле измамени, изјавиле за агенцијата повеќе од десетина извори.

Неколку часа пред да побегне во Москва, Асад на состанокот со околу 30 воени и безбедносни началници во Министерството за одбрана во саботата изјави дека доаѓа руската воена поддршка и ги повика копнените сили да се воздржат, изјави командант кој беше присутен на средбата, но тој сакаше да остане неименуван.

Слични содржини