Во реакција на соопштението на Богданка Кузеска од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ го оспори ставот дека Владата спроведува брутална партизација и окупација на судството. Според ВМРО, токму СДСМ и нивниот коалициски партнер ДУИ се тие кои ја партизирале и директно се мешале во судските одлуки. ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека токму СДСМ и ДУИ се виновни за оваа состојба, што го потврдија и доказите од САД, каде Артан Груби и судијата Енвер Беџети беа ставени на црната листа поради влијание врз судски одлуки.
„СДСМ нема кредибилитет да зборува за независноста на судството. Во текот на седумгодишното владеење со ДУИ, тие поставуваа судии и јавни обвинители по партиска линија“, изјавиа од ВМРО-ДПMНE одговарајќи на изјавата на Кузеска дека „оваа практика не е ништо ново и дека истата се враќа во форма на ‘Сваровски судство’, кое ќе биде продолжена рака на Мицкоски и неговата партија.“
Според владеачката партија, со последните докази од САД и црната листа, се покажува дека СДС и ДУИ го урнисале правосудниот систем, кој ја довел довербата на граѓаните до критични 2%.
„Претходно судиите Наќе Ѓоргиев и Иџет Мемети, блиски до СДС и ДУИ, исто така признаа дека земале поткуп за да влијаат врз судски предмети.
Во судството избрано во штабовите на криминалната коалиција на СДС и ДУИ, нема правна разрешница за случаите како Дурмо Турс, модуларната болница во Тетово, како и за онкологија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Кузеска: Избран е првиот судија од тефтерчето на Мицкоски, се враќа „Сваровски судство“