Во Иран уапсенa пејачка која одржала концерт на Јутјуб без хиџаб

од Vladimir Zorba
0 прегледи

Иранските власти денеска ја уапсија пејачката Парасто Ахмади поради одржување виртуелен концерт на Јутјуб без хиџаб, како и двајца музичари од нејзиниот бенд, изјави нејзиниот адвокат Милад Панахипур.

Тој за АП изјави дека Ахмади (27) е уапсена во Сари, главниот град на северната иранска провинција Мазандаран, и дека во моментов не е познато во кој затвор е таа.

Адвокатката истакна дека двајца музичари од нејзиниот бенд биле уапсени во главниот град Техеран.

Слични содржини