Од соборувањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, Израел извршил околу 800 воздушни напади ширум Сирија, а во последните 12 часа биле извршени повеќе од 60 напади и ова не е прв пат вакви масовни напади од израелската воена авијација.
Израел почна да ја бомбардира Сирија веднаш по падот на режимот на Асад, а во фокусот на израелските воздушни напади се Дамаск и неговата околина, пренесува Ал Џезира.
Синоќа беа нападнати складишта за муниција и противвоздушни системи распоредени во кварт на Дамаск.
Во нападите беа погодени и складишта за муниција во провинцијата Дера на југот на земјата и во Хомс, кој се наоѓа на 80 километри северно од Дамаск.
Според катарската агенција, ова е дел од стратегијата на Израел од падот на режимот на Асад, наменета за уништување на сириските системи за противвоздушна одбрана.