За време на прославата на својот 57-ми роденден, холивудскиот актер беше жртва на несреќен сплет на околности. Џејми Фокс се нашол среде кавга во Лос Анџелес поради која повторно завршил во болница.
„Додека тој наздравуваше со гостите, некој од соседната маса фрли чаша која го удрила во уста. Морал да биде шиен, а поради инцидентот е повикана полиција“, изјави портпаролот на Џејми Фокс за Page Six.
Полицискиот извештај потврди дека инцидентот „вклучил физичка пресметка меѓу две страни“. Тие потврдија дека нема апсења и дека сè уште е под истрага.
Сведокот тврди дека гостите на другата маса биле „непристојни и вулгарни“ кон познатиот актер. Кога Фокс побарал да биде оставен на мира бидејќи е присутно неговото семејство, некој на таа маса „наводно фрлил чаша што го удрила во лице“.
После се, се огласи и 57-годишниот Џејми Фокс, кој суптилно преку Инстаграм кажа што мисли за се. „Ѓаволот е зафатен…но јас сум премногу благословен за да бидам под стрес“.
До фотографијата напиша: „Ѓаволот е лага. Овде не можам да победам… фала на сите што се молат за мене… кога твојата светлина свети толку сјајна… се обидуваат да ти донесат темнина, но не знаат дека си создаден за тоа.. .“
Тој исто така ја искористи оваа прилика да им се заблагодари на сите што го гледаа неговото шоу на Нетфликс, во кое зборуваше за неговите здравствени проблеми и моментот кога минатата година заврши во болница.