Мицкоски: Груби заедно со уште едно лице со дипломатско возило вчера заминал во Косово

од Milan1
182 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски, за ТВ21 изјави дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице ја напуштил земјава и заминал во Косово. Тој тоа го сторил со возило со дипломатски таблици, вели Мицкоски.

„Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата, додека поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил границата на Македонија и заминал во Косово“, рече Мицкоски.

Слични содржини