ДУИ до Мицкоски: Албанците нема да молчат

од Milan1
175 прегледи

Премиерот повторно одбра да иронизира со легитимните грижи на Албанците, манипулирајќи го нашиот реактивен став како да е поврзан со последните полициски акции. Вистината е сосема поинаква, а сите добро знаат дека нашите грижи се однесуваат на опасниот правец по кој тргна владата, реагираат од ДУИ.

„Акциите на министерот за образование, министерот за администрација и партиската контрола врз Уставниот суд речиси целосно го парализираа Охридскиот рамковен договор. Овој раздорен пристап не е само напад врз Албанците, туку и врз стабилноста на државата и вредностите на соживотот кои се градени со многу напор.

Го повикуваме премиерот да ги прекине манипулациите и да размисли за последиците што ваквите неразумни политики можат да ги имаат врз иднината на сите граѓани. Албанците нема да молчат пред обидите за деградација на Охридскиот договор и историските придобивки што тој ги гарантира, порачаа од партијата.

Слични содржини