Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција, дознава Телма од извори на истрагата.
Груби, кон Косово патувал под дипломатски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Република Македонија. Конзуларната област го опфаќа градот Струга, а како почесен конзул, Папранику дејстувал во Република Македонија, согласно правилата и нормите на конзуларните активности и имал задача да ги промовира и штити интересите на Косово, беше известено од МНР кога, Парпанику ја презел позицијата конзул.
Папранику е сопственик на Нептун а инвестираше и во изградбата на Ист Гејт Мол, пишува Телма.
Во 2019 година, Папранику ќе го понесе признанието за најуспешен маж во Македонија во категоријата менаџер на годината.