Исмаил: Груби избега во Косово во договор со власта

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил вчера обвини дека еден од главните обвинети за проневерата во Државна лотарија – Артан Груби е избеган од државата во договор со власта.

-Премиерот знаеше. Тие избегаа во Косово и после ги обвинивте, кажа пратеникот во емисијата „24 Отворено“.

Според него, владеачката коалиција не се грижи за спроведување на правдата, туку, како што вели, за да се „гонат политички непријатели“.

-Единствено што правевте минатиот мандат е кворум за Кривичниот законик и драстично се намалија казните и рокот за застарување, како и за Бехтел и Енка. Сега повторно ги споредувате истите работи. Ако има нешто што треба да се спроведе, дајте ги работите. Вие не апсите, вие само им дојавувате на тие што треба да бидат апсени, за да си избегаат. Таков е случајот со Артан Груби. Не е тука, не е во земјава, кажа Исмаил, обраќајки му се на неговиот колега од пратеничките клупи, Александар Велјановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Државната лотарија, иако немала дозвола за електронско и интернет коцкање си купила апарати. Обвинителството отвори истрага за проневера на над 8 милиони евра. Кривични пријави од МВР се поднесени против шестмина, меѓу кои поранешниот вицепремиер Груби и неговиот тогашен шеф, премиерот Димитар Ковачевски, како и за екс-директорот на лотарија, Перпарим Бајрами.

Слични содржини