35-40% од Албанците се задоволни од Владата – трипати месечно правам мерења, рече Мицкоски

од Nikola Popovski
104 прегледи

Сега имаме, па би рекол, некаде околу 35-40% од Албанците кои се задоволни од оваа Влада. Ова е од оние анкети што јас ги гледам, рече синоќа премиерот Христијан Мицкоски за поддршката за работењето на владеачката коалиција.

Според претседателот на Владата, има процент од 25 до 30 коишто не се задоволни и останатите велат „не знам или немам одговор“.

-Не велам дека тоа се точни анкети, но јас правам трипати мерења во месецот и по етнички состав правам кростабулации, лично врз основа на тоа ја водам политиката, а не на чувство. Мислам дека треба сето ова со бројка да е поткрепено. Можеби чувството ме лажело, можеби некогаш не, но, кога тоа е поткрепено со бројка, тогаш е во ред. Ако направиме компарација за овие 6 месеци од оваа Влада и пред една година од претходната Влада, ќе видите дека и мнозинството Албанци се повеќе задоволни во коефициент 2 од тоа што било порано, а генерално 3,5 коефициент споредено со минатото, кажа Мицкоски во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини