Во текот на минатата недела, царинските службеници и мобилните тимови спречија обиди за криумчарење разна стока, при што е запленета компјутерска опрема наменета за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми со потпис на познати модни брендови, ладилник за товарно возило, облека, а спречен беше и обид за нелегален внес на птици. Во продолжение детали:
– Специјализирана компјутерска опрема наменета за рударење на крипто средства е запленета по извршена контрола на автомобил на влез во државата на граничниот премин Блаце.
– Спречен обид за криумчарење на 8,26 килограми (19 кутии од по 60 кесички) Unicity Balance суплементи во вредност од 228 илјади денари, што Службата за мобилни скенери ги пронајде во кабина на камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце.
– 173 парфеми со потпис на познатите трговски марки Том Форд, Версаче, Армани и други се пронајдени во шест картонски кутии сместени на горниот кревет во кабината на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран.
–Царински службеници на влез во државата на граничен премин Дојранспречија обид за криумчарење наладилник за товарно возило. Непријавениот ладилник е откриен во просторот за палети на камион со бугарски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин.
– Разни производи, меѓу коишто се фрижидер, стоматолошка столица, кафемат се откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинската испостава Тетово.
– Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на машина и опрема за водоводни цевки. Истите се откриени при контрола на автомобил со грчки регистарски таблички со кој управувал македонски државјанин.
– Машина за потреби во текстилна индустрија, откриена од страна на мобилните царински тимови, пронајдена на креветот во кабината на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.
– 160 пара облека од брендовите Бос и Левис, но и 930 парчиња нашивни надворешни текстилни етикети со ознака на брендот DSQ2 се пронајдени во преграда за алат и под креветот во кабината на камион управуван од албански државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце.
– Службата за мобилни скенери, при контрола на два камиони управувани од македонски државјани, на влез во државата на граничниот премин Табановце откри непријавени 50 килограми боја и повеќе кутии со средства за полирање возила.
– На влез во државата на граничен премин Табановце мобилен тим при контрола на автобус откри 26 белгиски канаринци и 4 вреќи со храна за птици. Истите без соодветни дозволи и документи македонски државјанин што патувал со автобусот сакал нелегално да ги внесе во државата.
– Спречено криумчарење на 28 штеки цигари на граничните премини Дојран и Богородица. При тоа 10 штеки цигари без акцизни маркички се пронајдени во прегради во кабината на камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Останатите 18 штеки цигари без акцизни маркички се пронајдени во внатрешноста на бандажот на резервно тркало на камион управуван од македонски државјанин на влез во државата на граничниот премин Богородица.