Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков побара од екс-вицепремиерот Артан Груби да не бега од Македонија и да се врати и да понесе одговорност за кривичните дела за кои е обвинет. Пратеникот му порача на довчерашниот функционер на ДУИ дека „дали е чист како солза или матен, нека си докаже пред суд, ако има храброст да се соочи со доказите“.
Како што велат од најголемата владеачка партија, 8 милиони евра е криминалот во Лотарија во кој „главни актери“ се Груби и Пeрпарим Бајрами како екс-директор на институцијата.
-Пукна како меур од сапуница наративот на ДУИ дека се борат за зелени агенди или за ЕУ. Тие се бореле и се борат за да прават криминал и да ги ограбуваат граѓаните, соучесници во тој криминал им беа СДСМ, додаде Лефков на прес-конференција во седиштето на неговата партија.