Крај за Перез: Шампионот во Формула 1 до петок добива нов колега во Ред Бул

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Лиам Лосон ќе биде претставен како нов возач на Ред Бул до крајот на неделата. Одлуката е донесена, останува само да се најде вистинскиот начин за разделба со Серхио Перез.

Мексиканецот имаше катастрофална 2024 година во која не можеше да го следи Макс Верстапен на патот до четвртата последователна титула во Формула 1. Неговата замена е веќе избрана – 22-годишниот и перспективен Лиам Лосон, кој со себе носи репутација како „бестрашен возач“. Новозеланѓанецот е член на јуниорскиот тим на Ред Бул од 2019 година. Своето прво искуство во Ф1 го имаше во 2021 година на фестивалот во Гудвуд кога доби шанса да го вози Ред Бул РБ7 од 2011 година. Во 2022 година беше резервен возач на тимот Алфа Таури и возеше на слободни тренинзи пред трките во Белгија и Мексико. Во истата година, шефот Кристијан Хорнер го направи резервен возач на Ред Бул и тој го направил своето деби на првиот слободен тренинг на Абу Даби.

Тој продолжи брзо да се пробива и од Холандија во 2023 година до последното Гран При во Абу Даби во 2024 година, возеше на вкупно 11 трки, како замена за Даниел Рикардо, кој подоцна го наследи во тимот на РБ. Три пати беше деветти и во две сезони освои шест бода.

Ќе видиме како Ред Бул ќе ја реши ситуацијата со Перез кој има валиден договор до 2025. Мали се шансите Мексиканецот да ја прифати улогата на резерва, а уште помалку да најде место во друг тим. Веројатно ќе мора да паузира една година и да се обиде да се наметне на Кадилак кој влегува во Ф1 од 2026 година.

Слични содржини