24
Германската економија е во лоша состојба, а очекувањата се уште полоши: Ифо барометарот на деловното расположение падна на најниската точка од мај 2020 година во декември, пренесува dpa.
Во однос на претходниот месец, индексот падна за нови 0,9 поени, на 84,7, објави во вторникот Ifo. Економистите очекуваа помала промена и барометарот на 85,5 поени.
Менаџерите на околу 9.000 домашни компании од сите сектори на економијата што ги анкетираше Ифо секој месец беа уште помрачни за нивните очекувања за следните неколку месеци.
„Слабоста на германската економија стана хронична“, рече претседателот на Ифо, Клеменс Фист.