Распишана меѓународна потерница за Груби и Бајрами

од Milan1
62 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје до полицијата ќе издаде наредба за распишување на национална и меѓународна потерница за поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами.

– По донесените решенија на Основниот кривичен суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за проневера во “Државна лотарија”, кои се недостапни на органите на прогонот, Основното јавно обвинителство Скопје вечерва до Министерството за внатрешни работи ќе издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница, соопштија од ОЈП-Скопје.

Слични содржини