Ценовната војна на кинескиот пазар зема нова жртва

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Не е сè розово за кинеските производители. Големата ценовна војна, односно попусти, која беснее на кинескиот пазар, многумина нема да ја издржат. Особено помалите, кои немаат ресурси за долг рок на трошење.

Сега Jiyue е на работ на несолвентност. Компанијата едвај успеала да ги плати вработените во ноември, а за декември ништо не е сигурно. Сепак, Jiyue не е мал независен производител. Основана како 45%/55% заедничко вложување помеѓу Geely и Baidu, сега е контролирана од Geely со 65% (Baidu има 35%). Но, моќните акционери не се доволни бидејќи очигледно имаат други приоритети, пишува „ХАК“.

За Geely, ова е дополнителна марка од мала важност во универзумот на 13 други брендови, а технолошкиот гигант Baidu (интернет, вештачка интелигенција…) можеби веќе заврши со авантурата во автомобилскиот сектор. Продажбата никогаш не се зголеми. И покрај лансирањето на седанот 07 (на сликата), тој е ограничен на помалку од 3.000 единици месечно на конкурентен пазар. Да додадеме и дека Jiyue не може да смета на извоз, бидејќи Geely ги фаворизира своите други брендови.

Соочен со оваа ситуација, Jiyue реши да го реорганизира својот бизнис, но и да елиминира некои проекти кои немаа позитивно влијание врз финансиите.

Слични содржини