Убавината ја наследила од мајка си: Клементин е ќерка на Клаудија Шифер и познат филмски режисер

од Vladimir Zorba
58 прегледи

На врвот на својата слава, Клаудија Шифер го запознала човекот од нејзините соништа, режисерот Метју Вон, и се омажила за него пред 22 години. Во среќниот брак Клаудија и Вон добија тројца наследници – Каспар (21), Клементин Попи (20) и Козима (14) – кои поради добрата одлука на нивните родители јавноста ретко имаше можност да ги види.

Но, тоа сега се смени, барем во случајот со најстарата ќерка на Клаудија, нејзината „слика и прилика“ – Клементин Попи. Токму таа реши да го искористи своето познато презиме и нејзината уште пославна мајка за да ја постигне кариерата за која сонува. Веќе подолго време на Инстаграм споделува исечоци од своето секојдневие, но се фали и со лесниот живот што го живее.

Ова дефинитивно вклучува гламурозни патувања, покани за најбараните модни настани, вечери во ресторани кои ги сакаат познатите личности, но и пристап до гардеробата на мајката, полна со дизајнерски работи.

Клементин била израсната со нејзиниот постар брат и помладата сестра на имот во англиско село, во замок со 14 спални соби вреден девет милиони долари. Во тинејџерските години и нејзините родители купиле друга куќа, од другата страна на Обединетото Кралство, поради што наизменично живееле на две адреси, а татко и, познат режисер, со хеликоптер доаѓал дома од филмските сетови.

Како бебе позираше за Vogue, во тинејџерските години не се двоумеше да ја „украде“ облеката на мајка си, а иако официјално се уште не влезе во светот на моделството, не ја крие страста за модата.

Слични содржини