Ѓоковиќ ги поддржа студентите: На Србија ѝ треба разбирање и почит

од Nikola Popovski
51 прегледи

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ напиша дека смета дека е важно да се слушне гласот на младите и дека на Србија и треба разбирање и почит.

„Како некој кој длабоко верува во силата на младите луѓе и нивната желба за подобра иднина, мислам дека е важно нивниот глас да се слушне“, напиша Ѓоковиќ на мрежата „Х“.

„Србија има огромен потенцијал, а образованата младина е нејзината најголема сила. Она што ни треба на сите е разбирање и почит. Со тебе Новак“, додаде српскиот тенисер.

Студентите ги блокираа сите факултети во Белград, Нови Сад и Ниш и со денови бараат да бидат казнети одговорните за злосторството во Нови Сад кога 15 лица загинаа при падот на настрешницата на Железничката станица.

Бидејќи сè уште никој не одговараше за злосторството, протестите се радикализираа, а на нив им се придружија бројни спортисти и јавни личности.

Слични содржини