Зеленски: Единството меѓу САД и ЕУ се потребни за да се постигне мир во Украина

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска во Брисел дека е потребно единство меѓу Соединетите Американски Држави и Европската унија за да се постигне мир во Украина.

„Потребно ни е силно единство меѓу САД, ЕУ и земјите од Европа. Ова е многу важно. Ни треба ова единство за да постигнеме мир. Мислам дека само заедно, САД и Европа можат навистина да го запрат (рускиот претседател Владимир) Путин и да се спаси Украина, рече Зеленски по пристигнувањето на состанокот на Европскиот совет во Брисел.

Тој додаде дека дискусиите за улогата на Европа во светот се многу важни за Украина, особено од почетокот на следната година и посочи дека ќе се разговара и за заштитата на енергетскиот сектор на Украина, особено за безбедноста на нуклеарните станици, кои тој предупреди дека се „многу опасни не само за Украина, туку и за цела Европа ако нешто тргне наопаку“.

Зеленски рече дека ќе се разговара и за зачувување на складиштето на гас, што, како што рече, е важно и за Украина и за другите Европејци.

Слични содржини