Неизвесна е иднината на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во Јувентус, пишуваат италијанските медиуми.
Претходните денови имаше многу турбуленции меѓу Влаховиќ и навивачите на Јувентус. Српскиот напаѓач претрпе навреди од трибините, влезе и во вербален конфликт со поединечни приврзаници на „старата дама“, но работата брзо се среди, а тој на критиките одговори на најдобар можен начин – со гол против Каљари во Купот.
Се пишува за обновен интерес на Арсенал поради незадоволството од формите на Габриел Жесус и Каи Хаверц, кои не успеваат да постигнуваат голови во континуитет. Но, засега тој ќе остане дел од „бјанконерите“.
Јувентус е подготвен да му понуди нов долгорочен договор со тоа што би му ја намалиле платата. Не му се допаѓа таквото решение и би можел да замине како слободен играч во летото 2026 година, пишува „Ла Република“.
Доколку не потпише нов договор, Јувентус веројатно би сакал да заработи од неговата продажба, па ова лето може да биде одлучувачко за неговата иднина. Јувентус за неговата слобода би барал околу 40.000.000 евра.