Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска изјави дека проширувањето на ЕУ е геополитичка неопходност и предупреди дека доколку процесот продолжи да се одложува, се создава простор за другите да го поткопаат влијанието и вредностите на Европа.
На прес-конференцијата во Брисел, каде што се одржува состанокот на Европскиот совет, Мецола повтори дека ЕУ мора да направи чекор понатаму во 2025 година за да го потврди местото на Европа на светската сцена, а кога станува збор за соседството на ЕУ, таа рече дека е неопходно да се зајакне присуството и ангажманот на Унијата.
Во овој контекст, таа предупреди дека „руското мешање продолжува да ги дестабилизира Молдавија, Грузија и Западен Балкан“.
🔴 LIVE | Press Conference at #EUCO@RobertaMetsola @Europarl_EN @EUCouncil https://t.co/3RSCCzLh1D
— Roberta Metsola (@EP_President) December 19, 2024