Каранфилова Пановска: Има доволно основани сомнежи дека заминувањето на Груби од државата не е случајно

од Milan1
41 прегледи

Факт денеска е дека Артан Груби не е во државата, факт е дека Артан Груби два дена откако е поднесена кривичната пријава исчезнува, дека слободно ја поминува границата и премногу сомнежи дека тоа не е случајно, нагласи заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во емисијата „Само интервју“, на Канал 5 телевизија.

Каранфилова Пановска истакна дека Груби ја поминал северната граница со Косово, покажувајќи ги своите патни исправи, а при тоа службеникот којшто е на смена, не го проверил, иако има веќе забрана за премин на границата, а другите службениците, на граничниот премин имаат на себе камери кои во тој момент немаат батерии, односно камерите не работат.

-Се случува дека главен раководител на контролата границата во тој момент е човек, којшто е од доверба на министерот Тошковски, именуван на таа функција минатиот месец, со решение. И дека тој истиот по настанот е на боледување, рече Каранфилова Пановска, додавајќи дека има доволно основани сомнежи дека заминувањето на Груби од државата не е случајно и не е само затоа што се направени пропусти.

Каранфилова Пановска нагласи дека СДСМ сега бара од министерот Тошковски, од министерството за внатрешни работа е да излезат комплетно со деталите за тоа како се случи Артан Груби да избега од државата.

Во спротивно апсолутно се основани нашите тврдења дека бегството на Артан Груби е директен политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, додаде таа.

-Такви индиции за нивна политичка соработка веќе подолго време се очигледни и со тоа што се случува во Собранието, а и со тоа што се случува надвор од институциите и Собранието, со сите оние обиди де факто или наводно да се дестабилизира нашава држава со сите меѓуетнички тензии, коишто беа предизвикани, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во емисијата „Само интервју“, на Канал 5 Телевизија.

Слични содржини